Сообраќајот во рамки на нашата држава, а особено во големите градови како Скопје, Тетово, Битола и слично се повеќе се потпира на застарени возила кои значително влијаат врз загадувањето на воздухот. Загадувањето на воздухот е еден од основните проблеми на секој граѓанин. Автомобилите кои секојдневно придонесуваат во загадувањето на воздухот се избор на секој граѓанин и лоша навика која треба да се искорени. Инсипирани и револтирани од целата ситуација, одлучивме да ги искорениме овие лоши навики,затоа што секој од нас треба да знае дека:

"Планетата земја не ја наследивме од нашите предци, туку ја позајмивме од нашите внуци"
- Анонимен автор